(Видео) Италијанскиот милионер Џанлука Ваки стана татко

By

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки стана татко. Тој на социјалните мрежи објави видео и фотографии од својата помлада девојка, манекенката Шерон Фосека, по породувањето и се пофали дека добиле ќерка.

„Таа е со нас. Шерон и јас сме среќни затоа што утринава ни се роди ќерка. Му благодариме на Бога затоа што е здрава и веќе ја сакаме повеќе од нашите животи“, напиша Џанлука.

 

View this post on Instagram

 

In The delivery room trying to help her to come out …but i start thinking she doesn’t want to see me😂 @sharfonseca ❤️

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Ваки, ексцентричен милионер, со својот животен стил го привлекува вниманието на социјалната мрежа „Инстаграм“. Познат е по своите ексцентрични костими, луксузниот дом, жешките танцови и особено со две децении помладата девојка.

Иако долго време живееше распуштен живот, младата Шерон, која е атрактивна манекенка, го освои неговото срце за кратко време. Ваки вели дека сега кога таа му родила ќерка, има уште повеќе причини да работи и да ја сака повеќе.

 

Ќе ви се допадне