Поранешната сопруга на претседателот на Америка, Ивана Трамп, денеска пристигна во посета на Белград. Таа веднаш по пристигнувањето во српскиот град, како што пренесуваат медиумите, се упатила кон Загреб, каде што ќе присуствува на изборот за мис на Хрватска.
Ивана Трамп стигна со директен лет на „Ер Србија“ од Њујорк. Таа се појави на аеродромот во сиви панталони и светлосин џемпер и бела кошула.
Репортерите што ја дочекаа во српската престолнина ја снимија Ивана насмеана со средена фризура и шминка.
На самиот аеродром Ивана предизвика голем интерес, но на новинарите не им било дозволено да поставуваат прашања.
Ова е првпат Ивана Трамп да ги посети Белград и Загреб. Посетата, како што пренесуваат медиумите, се очекува да трае три дена.
Ивана е родена во чешкиот град Злин, а од првиот маж се развела во 1976 година. Откако го запознала Трамп во Њујорк, за него се омажила во 1977 година.
Брачната двојка Трамп бргу станала една од најпознатите во њујоршкото отмено друштво. Ивана и Доналд имаат три деца, Доналд Јуниор (41), Иванка (37) и Ерика (35).