(ВИДЕО) „Јас сум зависник и го допрев дното“ – Славниот актер се извини по апсењето

„Длабоко сум посрамотен со своето однесување и немам оправдување“, изјави Шаја Лебеф.

Познатиот американски актер Шаја Лебеф се извини поради своето недолично однесување кое го доведе до негово апсење пред неколку дена кое се случи во Савана во сојузната американска држава Џорџија. Холивудскиот суперстар, кој исто така упати неколку расистички коментари на тамошните полицајци, наведе дека го допрел дното и дека ќе поработи во иднина на себе си.

Длабоко сум посрамотен со своето однесување и немам оправдување. Моето непочитување кон властите во најмала рака е проблематично и целосно деструктивно“, изјави Лебеф.

Погледнете што се изјави во моментите кога беше уапсен:

 

 

Актерот наведе дека е завсиник од алкохол и дека ќе даде се од себе да го сузбие и да ги превземе чекорите за да стане трезен. Уште не се знае дали ќе оди на програма за рехабилитација:

Scroll to Top