(Видео) Каде е денес и како изгледа крадецот Марв од филмот „Сам дома“

Даниел Стерн, познат по улогата на крадец во филмот „Сам дома“, живее повлечено и далеку од сјајот на Холивуд. „Сам дома“ е култен божиќен филм, кој ја воодушевува публиката повеќе од три децении и на кој многумина секоја година се враќаат со носталгија.

Иако главниот херој на филмот е Кевин Мекалистер, гледачите добро ги паметат и злогласните „мокри бандити“ – крадците Марв и Хари, кои ги играат Даниел Стерн и Џо Пеши.

Денес малкумина би ги препознале овие познати филмски негативци. Во филмот, Марв и Хари паднаа во генијалните стапици на Кевин кои често завршуваа со повреди.

Стерн еднаш откри дека некои од тие повреди се вистински и не се резултат само на филмска шминка и специјални ефекти.

Покрај улогата на Марв, Стерн остави белег и во бројни комични филмови.

Но, по „Сам дома“ и „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“, тој одби да ја повтори улогата во четвртиот дел од франшизата, сметајќи дека сценариото е навреда за оригиналот.

Денес, Стерн живее потивок живот надвор од центарот на вниманието, но останува активен во општеството. Тој е голем поддржувач на образованието и хуманитарната работа и има основано повеќе здруженија кои поддржуваат ликовни и едукативни програми за деца. За неговиот придонес во заедницата во 2009 година, тој ја доби наградата Call to Service од рацете на тогашниот американски претседател Барак Обама.

Scroll to Top