(Видео) Како Дејвид Боуви стана Зиги: Објавен првиот инсерт од филмот „Stardust“

Објавен е првиот инсерт од филмот „Stardust“, за  пејачот Дејвид Боуви, во кој славниот музичар го глуми актерот Џони Флин.

Во објавената секвенца Флин се појавува како Боуви во разговор со Марко Марон, кој ја толкува улогата на издавачот Рон Оберман.

– Се што е потребно е само еден верник да го промени светот, зарем не? А ние имаме двајца. Веруваш во себе, нели? – прашува Марон.

„Stardust“, за кој продуцентите инсистираат дека не е биографски филм, се фокусира на трансформацијата на Боуви во Зиги Стардаст во раните седумдесетти години од минатиот век.

„Започнав со идеја да снимам филм за тоа што го карактеризира еден уметник, односно што всушност го тера да се занимава со уметност – изјави сценаристот и режисер на филмот, Габриел Ренџ.

„Stardust“ требаше да дебитира оваа седмица на одложениот њујоршки филмски фестивал, но сега ќе мора да ја почека премиерата во кино салите, која најверојатно ќе биде на есен.

Scroll to Top