(ВИДЕО) Како изгледаше првото шоу на „Викторија сикрет“ во 1995?

Магазинот „Харперс  базар“ објави фотографии и видео од првото модно шоу на „Викторија сикрет“ во 1995 година, кое се одржа во хотел „Плаза“ во Њујорк. Првото шоу на „Викторија“ е многу посиромашно издание во однос на луксузот што брендот  подоцна го наметна на модната сцена.

Првата ревија е едноставна, а манекенките носат на себе комбинации од каталог. Веќе со години шоуто на „Викторија сикрет“ има  сосема поинаква димензија. Тоа е едно од најпрестижните случувања на модната сцена. Годинава за првпат ќе се одржува во Париз.

 

 

Scroll to Top