(Видео) Камила Кабељо тврди дека видела НЛО во Чиле, на Твитер се шегуваат дека снимила мува што лета

Пејачката Камила Кабељо гостуваше во шоуто на Џими Фелон и таму покажа видео што го снимила во Чиле, па вели дека имала средба со неидентификуван летечки објект. Пејачката во разговорот кажа дека не верува во вонземјани, ама дека е сигурна оти на видеото што го направила има НЛО.

„Значи планинаревме со моите родители и имаше многу чудни активности таму. Зборувам за активности со НЛО и со вонземјани. Јас не сум од оние луѓе дека не верувам во тоа, па да ми се случи да видам нешто што не постои. Моите родители сакаат да гледаат документарни филмови за НЛО. Јас сакам документарни филмови за природата, за планетата Земја и слично“, рекла пејачката.

Камила потоа го покажа видеото во кое, според неа, може да се видат два или три неидентификувани летечки објекти.

„Го забавив видеото и мислам дека успеав да уловам НЛО. Се двоумев дали да го покажам, затоа што ако вонземјаните се појавиле пред мене, не сакам да ја загубам нивната доверба со тоа што го покажувам и да мислат дека ги експлоатирам“, вели пејачката.

Видеото се споделува и на социјалните мрежи, па иако некои веруваат дека навистина станува збор за НЛО, други сметаат дека Камила фатила мува во кадарот затоа што точката што се гледа не оди зад планините.

Scroll to Top