(Видео) Кание Вест удри обожавател кој сакаше автограм

Американскиот рапер Кание Вест е под истрага за физички напад на маж пред ноќен клуб. Инцидентот се случил во четвртокот на 13 јануари, во раните утрински часови пред ноќниот клуб Сохо во Лос Анџелес.

Некои од медиумите објавиа и видео, за кое велат дека било снимено за време на инцидентот. Кание прво му викал на човекот пред ноќниот клуб, кој бил дозволен само за вип членови, а потоа му удрил бокс и го соборил на земја.

Полицијата потоа била повикана на местото на настанот, но Кание во меѓувреме заминал. Сега му се заканува затворска казна од 6 месеци. Пејачот таа вечер бил со девојка му и уште неколку ѕвезди, меѓу кои била и Мадона.

Scroll to Top