(Видео) Канје Вест ја фрли наградата „Греми“ во веце-шолја и се измоча врз неа

By

Американскиот рапер Канје Вест на „Твитер“ објави видео на кое моча врз една од неговите награди „Греми“ по фрлањето во веце-шолја. На овој начин тој вели дека протестира против расизмот, па ги прозва НБА и музичката индустрија за осакатување и истакна дека со нив управуваат белци.

Тој вели дека ни едните ни другите не може да постојат без темнокожите Американци, па ги обвини врвовите на овие организации за расизам. Тој вели дека белците на врвот на овие организации се обидуваат да го намалат влијанието на темнокожите Американци и дека потоа ги преземаат заслугите за нивниот успех.

Тој го обвини и „Јуниверзал мјузик“ дека ги контролира авторските права на многу негови песни.

„Верувајте, нема да престанам додека сѐ не биде фер. Верувајте ми, јас сум Канје, попознат како Бејби Путин“, вели раперот во едно од видеата.

Вест неодамна призна дека има биполарно нарушување, па на социјалните мрежи коментираа дека ова негово неконтриолирано однесување е резултат на болеста.

Ќе ви се допадне

That Time I Got Reincarnated as a Slime: Tales - Veldora's Journal (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/EqJj) Episode Full at Crunchyroll best free anime on crunchyroll

Watch Ex-Arm Episode 2 (https://kissanimeonline.com/m/8qRz/ep-2) at website https://kissanimeonline.com black clover kissanime