Кралското семејство секогаш привлекува посебно внимание, секако најмногу во Велика Британија, но кога се појавуваат на ваков настан што се емитува низ целиот свет, брзо ги исполнуваат и другите наслови.
Јаник Синер го победи Карлос Алкараз со 3-1 во сетови во финалето на Вимблдон и го освои овој трофеј за прв пат во својата кариера, а потоа мораше да следи посебен протокол.
Една од работите што треба да ги направи е влегувањето во просториите на „Ол Ингланд Клуб“ и разговорот со кралското семејство. Принцот Вилијам, неговата сопруга принцезата од Велс Кејт Мидлтон и децата Џорџ и Шарлот го чекаа Синер и разговараа со него.
Princess Catherine, Prince William, Prince George and Princess Charlotte speaking with Jannik Sinner, 2025 Wimbledon Champion 🏆. He singed tennis balls for the children, even 1 for Prince Louis! pic.twitter.com/TTIVk3ekXV
— Griddyonly1 (@sueyen_11) July 13, 2025
Ѓоковиќ го направи истото во 2022 година откако го победи Ник Киргиос во финалето, а потоа се покажа дека младиот Џорџ навива за српскиот ас.
Кога Вилијам беше прашан пред финалето за кого ќе навива неговиот син Џорџ, тој немаше дилема.
„За Ѓоковиќ… Ќе видиме колку долго ќе трае, дефинитивно ќе навива за победникот“, се пошегува Вилијам, кој исто така се пошегува и за моментот кога Новак му го даде трофејот од 3,5 килограми на Џорџ.
"Don't drop it!" 😅
It's been a special first #Wimbledon visit for Prince George 🏆#CentreCourt100 | @KensingtonRoyal pic.twitter.com/VKXg06hPCU
— Wimbledon (@Wimbledon) July 10, 2022
Три години подоцна, Синер разговараше со кралското семејство, а во еден момент дури и им ги потпиша топчињата на децата. Кејт изгледаше како да ѝ е здодевно, а потоа набрзо го заврши својот едноминутен разговор со Италијанецот.
Принцезата блескаше во син фустан во едно од нејзините ретки појавувања откако го победи ракот.