(Видео) Кејт Мидлтон го прекрши кралскиот протокол и направи селфи со маж на пазар во Лидс

Кејт Мидлтон го прекрши кралскиот протокол и застана да направи селфи со маж на пазар во Лидс. Овој нејзин потег ја изненади јавноста, бидејќи британското кралско семејство има строги правила кои неговите членови мора да ги почитуваат, е едно од нив е дека членовите на монархијата не смеат да прават селфи.

Настанот се случил на пазарот во Лидс, каде што принцезата од Велс била да поразговара со локалните пазарџии. Додека минувала низ толпата, маж ја замолил да се фотографира со неа, па таа прифатила да направат селфи.

„Извинете, навистина сум нервозен“, вели мажот на видеото што се појави на Твитер.

Не е првпат Кејт да го прекрши правилото за селфи. Таа направи селфи пред неколку месеци кога со принцот Вилијам посети болница и тогаш застана да се слика со неколку медицински сестри.

Scroll to Top