Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, традиционално секоја година присуствува на божиќниот концерт во Вестминстер, каде што ѝ се придружуваат принцот Вилијам и децата.
Кралскиот пар има три деца, синовите Џорџ и Луис, и ќерката Шарлот. Со години, десетгодишната Шарлот е во центарот на вниманието на секој важен настан, а нејзиниот став и однесување потсетуваат на вистинска мала кралица.
Шарлот прошета со Кејт и за таа пригода избра темно сина облека со бела јака и црни балетанки.
Сите собрани брзо забележаа колку Шарлот наликува на својата мајка и предвидоа дека таа ќе стане голема модна икона во иднина.
„Принцезата Шарлот има грациозност и однесување на својата мајка“, напишаа луѓето на Твитер.
Малата Шарлот претходно се истакнуваше со своето однесување, особено кога беше снимена како ги опоменува своите браќа да внимаваат на своето однесување за време на кралските должности.






