(Видео) Ќерката на Мадона се облече како мајка си во популарниот костум од ’90-тите

Ќерката на Мадона, Лурдес Леон облечена во костим со кремова боја и високи потпетици позира качена на лимузина во модната компанија на Mugler.

Ваквото издание на Леон, обожавателите го споредија со нејзината мајка, која сличен костум носеше во ’90-тите.

Ќерката на Мадона покажа сексапилност во провокативниот танц заедно со уште една девојка на лимузината, претставувајќи го костимот на Mugler. 

Лурдес ги извести фановите на Инстаграм дека ова за неа е „лудо патување“ и дека е благодарна што била дел од ова неверојатно снимање. Да потсетиме, Лурд еднаш призна дека Мадона ја контролирала цел живот.

– Кога твоите родители плаќаат за твоите работи, тоа им дава предност пред тебе. Мајка ми е таков зависник од контрола и ме контролира цел живот. Морав да станам целосно независна веднаш штом завршив средно училиште – изјави Лурдес.

Scroll to Top