Пејачката Кети Пери откри дека е бремена, а дека со глумецот Орландо Блум ќе станат родители на лето. Откако пред неколку месеци медиумите пишуваа дека е бремена, таа сега ја потврди веста преку новиот спот за песната Never Worn White, во кој го покажа трудничкиот стомак.
„Ох Боже, толку ми е мило што веќе не треба да го собирам стомакот или да носам голема чанта за да го скријам,“ напиша Пери на „Твитер“ откако го објави спотот.
Ова е прво дете на Пери, а второ на Орландо, кој има 9-годишен син со поранешната сопруга Миранда Кер.
Инаку, Пери и Блум се заедно од почетокот на 2016 година, а се верија лани на Денот на заљубените.