(Видео) Кетрин Зета-Џонс објави досега невидена семејна снимка и ги разнежни фановите

Кетрин Зета-Џонс објави досега невидена семејна снимка на својот Инстаграм за да му го честита 24-от роденден на својот син Дилан.

54-годишната актерка прикажа видео на кое таа има 30 години, а нејзиниот син само неколку месеци.

Во видеото актерката го гушка и бакнува бебето и позира насмеана пред камера.

„Среќен 24-ти роденден на мојот син Дилан Даглас. Среќата и љубовта што ми ги даваш секој ден се бесценети. Да се ​​биде твојата мајка е подарок што никогаш не го земам здраво за готово. Те сакам, мое прекрасно момче“, напиша таа покрај видеото, кое ги трогна фановите и собра повеќе од 60.000 лајкови.

За потсетување, Кетрин и нејзиниот сопруг Мајкл Даглас се во брак 23 години, а покрај Дилан ја имаат и 21-годишната ќерка Керис.

Scroll to Top