(Видео) Киану Ривс ќе биде новиот Бетмен, ќе го позајми гласот во анимиран филм

Актерот Киану Ривс ќе го позајми гласот на Брус Вејн, односно Бетмен во новата анимирана семејна комедија DC League of Super-Pets, приказна за домашните меленици на суперјунаците од „Лига на правдата“, пренесе IGN.com.

Тој ќе работи со ѕвездите Двејн Џонсон, Кевин Харт, Кејт Мекинон, Џон Красинси и Диего Лун.

„Крипто Супер куче и Супермен се нераздвојни најдобри пријатели и делат исти супермоќи и се борат против криминалот, рамо до рамо во Метрополис. Но, кога човекот од челик и останатите членови во ‘Лига на правдата’ ќе бидат киднапирани, Крипто ќе мора да убеди излитена група животни да ги совладаат своите новооткриени моќи за спасувачката мисија“, се вели во официјалниот синопсис.

Во моментов во новиот филм за „Бетмен“, кој се прикажува во кината, Брус Вејн го глуми Роберт Патинсон. DC League of Super-Pets’ треба да биде во дистрибуција од 18 мај 2022 година.

Во филмот, Крипто (Двејн Џонсон) е најдобар пријател со Супермен (Џон Красински) и дури ја дели моќта со него и му помага да го запре криминалот во Метрополис. Кога Супермен е киднапиран заедно со другите членови на Лигата на правдата, Крипто составува тим за да ги спаси хероите.

Scroll to Top