(Видео) Кијану Ривс ги забавува патниците, по незгодата со авионскиот лет

Актерот Кијану Ривс ја покажал својата голема великодушност по една незгода со авионот со кој летал од Сан Франциско до Лос Анџелес. Откако пилотот бил принуден да слета, актерот на патниците им понудил бесплатен превоз со автобус до крајната дестинација.

Еден од најуспешните и најбогати актери во Холивуд, попатно ги забавувал патниците читајќи им книги и пуштајќи им кантри музика. Дел од патниците го снимиле и ги споделиле видеата на социјалните мрежи.

Ривс е познат како скромен и човек со големо срце. За него велат дека место да се вози во скапи лимузни, актерот користи метро, живее во мал стан и ги избегнува медиумите.

И покрај тоа што неговиот живот е полн со семејни трагедии, Ривс вели дека истите не го исполниле со бес и омраза, туку се има свртено кон мирниот живот. Голем дел од заработката од филмовите, тој ја донира и во детски болници.

Scroll to Top