(Видео) Ким Кардашијан покажа како го украсила својот луксузен дом за празниците

Старлетата Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотографии од својата вила, богато украсена.

Целиот двор е со украсени дрвја, ходниците се полни со бели новогодишни елки, а во дневната соба има голема елка под која семејството Кардашијан остава подароци.

Ким откри и кој избрал во кои хартии да ги завитка подароците, а луѓето во коментарите пишуваат чии дизајни најмногу им се допаднале.

Старлетата позираше и со своите наследници, а за таа прилика избра необичен бел фустан во кој личеше на снежната кралица.

Scroll to Top