Светската манекенка Клаудија Шифер доби своја барби кукла. Моделот се пофали со подарокот кој го доби за својот 50. роденден кој го прослави ова лето. Куклата беше облечена во „Версаче“ фустанот, кој Шифер го носеше на модната ревија во 1994 година.
„Никогаш не си престар за да си играш со Барби“, напиша Клаудија на социјалните мрежи.
Покрај подарокот, таа се потсети и на некои од најдобрите модни моменти. Шифер го носеше „Версаче“ фустанот, неполни 25 години, кога ја претставуваше колекцијата есен/зима.
„Уште откако бевме мали девојчиња, Барби не претставуваше само кукла за нас. Таа беше огледало на нашето општество. Таа растеше и напредуваше. Клаудија и Барби се две силни жени на кои не треба да им кажеш дека се силни, затоа што тие отсекогаш беа креаторки на сопствената судбина. Горда сум што го славиме роденденот на Клаудија и што тој син фустан кој го носеше на ревијата во 1994 година, беше одбран за нејзиниот аутфит. Таа женствена и гламурозна“, истакнала Донатела Версаче.