(Видео) Кортни Кокс рече дека ја продала куќата затоа што била проколната

Глумицата Кортни Кокс во шоуто на Џими Кимел рече дека ја продала својата куќа во Лос Анџелес затоа што смета дека била проколната. Глумицата рече дека иако не верувала во духови, сепак таа му поверувала на нејзиниот претходен сопственик, кој ѝ кажал дека е проколната.

Во куќата претходно живееле танчерката Џипси Роус Ли, но и пејачката и спасувачка Керол Кинг.

„На почетокот не верував. Но кога Керол дојде кај мене ми рече дека во неа се случил развод кој завршил лошо и дека во куќата е еден од духовите на поранешните сопружници. Но, и други луѓе кои живееле тука, мои пријатели ми рекоа дека сретнале жена која седела со нив на креветот“, рече Кокс.

Иако не им верувала на почетокот, глумицата не останала рамнодушна и еден ден се уплашила кога кај неа дошол поштарот.

„Бев сама дома и не верував многу во тие паранормални работи. Слушнав како некој ми заѕвони на врата и го видов поштарот. ‘Знаете ли дека оваа куќа е проколната?’, ми рече тогаш и тој. Кога го прашав зошто мисли така, тој ми покажа со прст дека некој стои зад мене. Во тој момент одлучив одма да ја продадам куќата“, рече Кокс.

Таа рече дека оттогаш никогаш не можела сама да спие во таа куќа, па затоа решила да си ги спакува работите и да си замине.

Scroll to Top