(Видео) Кралицата го збуни деветгодишниот Нејтан

Средбата со кралицата Елизабета била премногу за 9-годишното момче Нејтан Грант, па затоа тој одлучил едноставно да отползи од сето тоа.

Нејтан со родителите, пејачот Дејвид Грант и водителката Кери Грант бил на еден добротворен настан во Лондон каде се нашла и кралицата. Кога таа дошла до него, неговата мајка рекла: “Ова е нашиот посвоен син Нејтан”, а момчето се спуштило на земја, отползило до другата соба и викнало: “Поздрав!”.

Кралицата се насмевнала, а неговата мајка рекла: “Тоа е неговата верзија на наклон”.

Scroll to Top