Колумбиската актерка Софија Вергара не можеше да ја пропушти забавата на „Венити фер“ по доделувањето на Оскарите. Нејзините облини оправдано секогаш се тема на дискусија, а овој настан не беше исклучок.
Убавата Колумбијка редовно ги известува своите обожаватели на социјалните мрежи за тоа каде била, што прави и како изгледа во различни изданија, а сега покажа вистинска елеганција со минимална провокација.
Светкав фустан што се врзува околу вратот и право деколте на градите беа нејзин избор, а дел што се влече од тил ја надополни нејзината „сребрена бајка“.
Како и обично, фризурата е секогаш иста, брановидна коса распуштена преку рамената и силна вечерна шминка – тоа беше доволно за Софија повторно да ги шармира сите.
Софија Вергара секогаш привлекува внимание кон себе, а не освои само голема публика со својот атрактивен изглед. На многу луѓе им се допаѓа нејзиното чувство за хумор, фактот дека секогаш се шегува за себе и се обидува да биде директна и љубезна во сите свои јавни појавувања.






