(Видео) Легендарната актерка се бори со опасна болест од 2012 година: „Не можам повеќе ништо“

Познатата холивудска актерка Џуди Денч (90) неодамна одржа интервју со новинарот Луис Теру. Таа зборуваше за опасната состојба со која живее повеќе од една деценија, а поради која едвај гледа.

„Тоа е лошо. Многу е лошо. Доволно лошо за да биде сè матно. Веќе речиси и не правам ништо бидејќи не гледам“, откри легендарната Британка.

Имено, во 2012 година и била дијагностицирана макуларна дегенерација поврзана со возраста.

Поради оваа болест ѝ стануваше сè потешко да чита сценарија на сетовите, но пензионирањето сè уште не и е во плановите.

„Морав да смислам нови начини на учење. Сфатив дека морам да знам каде има нешто на страницата“, истакна таа.

Нејзиниот вид сега е во таква состојба што, како што вели, повеќе не може да чита книги и весници или да решава крстозбори. Во 2017 година, тоа напредуваше до тој степен што од тогаш не може да вози.

Scroll to Top