(Видео) Лејди Гага го извлече Бредли Купер од публика за да пеат во живо

Глумецот Бредли Купер, кој беше во публика на концертот на Лејди Гага во Лас Вегас викендов, се качи на сцената за заедно со неа да ја испее песната „Шелоу“ од филмот „Ѕвездата е родена“ и ја воодушеви публиката.

„Еден многу добар мој пријател… Не знам дали го знаете, неговото име е Бредли Купер. Тој го направи оној филм, ‘Ѕвездата е родена’. Па, ќе ризикувам малку… Бредли, ќе сакаш ли да се качиш да ја отпееме песната сега?“, го најави Гага пред публиката.

Видеата од нивниот настап станаа хит на социјалните мрежи, особено што ова е првпат песната да ја пеат во живо. Песната „Шелоу“ е номинирана за Оскар во категоријата „оригинална песна“, а за Оскар се номинирани и Лејди Гага и Бредли Купер како главни актери во филмот „Ѕвездата е родена“.

Scroll to Top