(ВИДЕО) Лејди Гага го прекина концертот одкако и се слоши на обожавателка

Поп-ѕвездата Лејди Гага е позната по тоа дека многу ги почитува своите обожаватели и не пропушта прилика да им се заблагодари за нивната поддршка. Таа моментално ја продолжува турнејата за новиот албум „Joanne“ што ја прекина поради здравствени проблеми, а на еден од настапите во Анкесвил, Конетикат покажа точно колку ѝ значат обожавателите.

Во еден момент од настапот во распродадената сала во Mohegan Sun Casino, суперѕвездата прекина да пее откако забележа дека во првите редови има повредена обожавателка.

Таа ѝ се обрати на публиката дека ќе прекинат на кратко за да се осигураат дека сѐ е во ред. Лејди Гага ја праша обожавателката дали сака да продолжи да го гледа концертот и испушти насмевка со воздишка кога доби позитивен одговор. Потоа ја праша дали ѝ треба помош и како се вика и ѝ рече дека многу ѝ жал што ја удриле по лице и сега крвари.

Откако дојде медицинска екипа да ѝ помогне на обожавателката која наводно се вика Мередит, Лејди Гага се обрати на публиката и рече:

„Треба да запамтиме дека има работи што се поважни од шоубизнисот“, на што публиката реагираше со аплауз.

Потоа рече дека ќе го продолжи концертот со песна во чест на Мередит и почна да ја пее „Paparazzi“, еден од нејзините најголеми хитови.

Scroll to Top