(Видео) Лејди Гага и Лиса Кудроу ја пеат „Smelly Cat“ најпознатата песна на Фиби од „Friends“

Пејачката Лејди Гага (35) и актерката Лиса Кудроу (57), позната по улогата на Фиби, во специјалната епизода „Пријатели: Повторно заедно“,  ја испеаја песната „Smelly Cat“, која важи за најпозната песна од популарната серија.

На крајот од изведбата, им се придружи и хор со кој продолжија да свират и пеат.

„Благодарам што беше личноста за сите нас во „Пријатели“, не знам дали ова е правилниот начин да го кажам тоа, но ти беше „различната“, личноста која секогаш беше онаква каква што навистина е“, ѝ рече Гага на Лиса на крајот од видеото.

Лејди Гага е дел од славните личности кои се појавуваат во новата епизода, чија премиера беше вчера.

Scroll to Top