Поп-кралицата Мадона го претстави новиот албум „Madame X“, а водечкиот сингл на овој албум е песната „Medellin“, снимена со колумбиската ѕвезда Малума. Објавен е спотот на песната која веќе има над 2 милиони прегледи.
Станува збор за 14 студиски албум на Мадона, кој ќе биде објавен на 14 јуни. Мадона и Малуна ќе ја изведат „Medellin“ заедно на Billboard Music наградите, на 1 мај.
„Madame X“ е колекција од 15 нови песни инспирирани од престојот на Мадона во Лисабон, Португалија.