(Видео) Мадона им понуди на Меган и Хари да живеат во нејзиниот стан во Њујорк

Кралицата на поп-музиката Мадона, им понудила на Меган и Хари да се преселат во нејзиниот стан во Њујорк, пренесуваат светските медиуми. Таа ги советувала да не се преселат во Канада, затоа што таму било здодевно.

„Дојдете да живеете во мојот стан во Њујорк, во Централ Парк Вест. Ќе имате најдобар поглед на Менхетен. Станот има балкон и погледот од таму сигурно е многу поубав од оној кој го имате во Бакингемската палата. Има и помалку момци со волнени капи“, кажала Мадона на снимката која ја објавила на социјалнтие мрежи.

Меган и Хари откако се откажаа од привилегиите кои ги носи кралското семејство, решија да се преселат во Канада. Двојката објасни дека им смета јавниот живот и дека сакаат самостојно да се финансираат. Тие купиле вила во Ванкувер, која вреди 27,5 милиони и има 640 квадратни метри.

Scroll to Top