(Видео) Мадона оди со бастун, откажа уште еден концерт на турнејата

Поп-кралицата Мадона на социјалните мрежи сподели видео како оди со бастун. Таа откри дека е во Лисабон и дека со неколку свои соработници биле во црква, каде што е и снимено видеото.

Пејачката, која лани наполни 61 година, веќе некое време се жали на проблеми со нозете. Затоа што не може да игра како порано и да го издржи напорот на настапите во живо, таа сега го откажа и концертот во Лисабон, деветти по ред за само неколку месеци. Инаку, Мадона е на турнеја на која го промовира последниот албум Madamе X.

Scroll to Top