(Видео) Мадона се појави на концертот на Малума во Колумбија и изненади 40.000 фанови

Поп-ѕвездата Мадона се појави на концертот на Малума во Меделин и ја изненади публиката кога со колумбискиот пејач ги испеа нивниот дует Medelin и хитот Music. Ова е прв настап на кралицата на поп-музиката по скоро три години, откако ја одложи својата турнеја поради здравствени проблеми.

Според колумбиските медиуми, на концертот имало околу 40.000 луѓе, кои не очекувале дека среде шоу на сцената ќе излезе поп-кралицата. „Дури и Малума делува изненаден“, пишуваат медиумите.

Заедничката песна Medelin, Мадона и Малума ја снимија 2019 година, а е посветена на родниот град на колумбискиот пејач и на луѓето што живеат таму.

Scroll to Top