Актерот Вил Смит се дружел со пејачот Марк Ентони на луксузната јахта на Мајами, а потоа Марк решил да го научи колегата на заводливи движења од популарната салса, и тоа на неговиот огромен хит „Вивир Ми вида“. Ентони, дефинитивно, покажал дека е мајстор на оваа песна, а и на самиот Смит не му одело лошо.
Снимката на двајцата популарни личности засега е прегледана повеќе од 17 милиони пати, а Смит се пошегувал на „Инстаграм“.
„На листата со желби ми беше Марк да ме научи да играм салса“, напишал Смит.