(Видео) Марк Ентони и Вил Смит заиграа салса на јахта

Марк Ентони и Вил Смит направиле луда журка на јахтата, а колку долго се забавувале сведочи и нивната снимка што ја споделиле на „Инстаграм“.

Марк Ентони и Вил Смит на јахтата го играа популарниот кубански танц.

Актерот Вил Смит се дружел со пејачот Марк Ентони на луксузната јахта на Мајами, а потоа Марк решил да го научи колегата на заводливи движења од популарната салса, и тоа на неговиот огромен хит „Вивир Ми вида“. Ентони, дефинитивно, покажал дека е мајстор на оваа песна, а и на самиот Смит не му одело лошо.

Снимката на двајцата популарни личности засега е прегледана повеќе од 17 милиони пати, а Смит се пошегувал на „Инстаграм“.

„На листата со желби ми беше Марк да ме научи да играм салса“, напишал Смит.

Scroll to Top