(Видео) Медицинска сестра сведочеше против Амбер Херд и рече дека се дрогирала

Mедицинската сестра Ерин Фалати сведочеше на судењето во корист на Џони Деп, а против Амбер Херд и рече дека глумицата се дрогирала. Таа порано работела за Херд и рече дека за време на фестивалот „Коачели“ користела амфетмини, односно дрога позната како MDMA.

Таа чувала белешки од нејзината состојба за периодот од 11 до 16 мај 2016 година и објасни дека дрогирањето влијаело и негативно на лековите што ги пиела. Амбер признала дека зела дрога и дека Ден не знаел за тоа.

За потсетување, судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп влезе во четвртата недела. Тоа се одвива во Фарифакс во Вирџинија, а Деп од Амбер бара 50 милиони долари поради текстот што го објавила во „Вашингтон пост“, во кој тврдела дека е жртва на семејно насилство.

Амбер возврати со контратужба во износ од 100 милиони долари затоа што смета дека тој со неговата тужба сака да ја заплаши и да ја замолчи, нешто што во Америка е противзаконско. Таа набргу ќе треба да сведочи, а ова судење го следат повеќе од 100 милиони луѓе.

Тоа се пренесува и во живо на „Јутјуб“ и на каналот Sky news.

Scroll to Top