Од Кенсингтонската палата, на својот официјален твитер профил ги објавија најубавите моменти на кралското семејство од изминатата 2018 година.
На видеото, кое трае три минути, најмногу коментари на социјалните мрежи доби војвотката Меган Маркл. Меган на видеото се појавува повеќе од 30 пати, за разлика од нејзината јатрва војвотката Кејт Мидлтон, која на видеото се појавува само 23 пати.
Видеото почнува со сцена во која Кејт седи во школо со деца. Најинтересно според бројот на коментари биле моментите во кои се појавуваат двете брачни двојки, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со принцот Хари и Меган Маркл. На видеото сите четворица заедно се појавуваат пет пати.
Here are some of our favourite moments from 2018 — thank you to everyone who made this year so special. See you in 2019! pic.twitter.com/2GiUvI7QnX
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) December 29, 2018
Изминатата година на големо се шпекулираше за нарушениот однос меѓу двете кралски двојки, а причината за тоа беше Меган и односот кој таа го има со некој од членовите на кралското семејство и кралскиот персонал.
Собрано се на куп, на крајот видеото објавено од Кенсингтонската палата добило позитивни коментари. Обожавателите на кралското семејство тврдат дека е интересно да се видат сите убави настани кои ја одбележаа 2018 година.
Во коментарите може да се прочита дека ова било прилично бурна година за членовите на кралското семејство. Преполна со важни настани, од раѓањето на принцот Луис, двете кралски венчавки, до неколкуте турнеи на кралските брачни двојки кои ги направија во странство.