Војвoтката од Сасекс, Меган Маркл, направи грешка во протоколот додека била во придружба на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата за време на роденденот на кралицата Елизабета.
Згрешила во изборот на облеката, а тоа не ѝ била единствената грешка. Кога покрај нив минала кралицата, таа не знаела што да прави. Му се обратила на сопругот, принцот Хари, кој стоел покрај неа и ѝ рекол дека тоа е моментот кога треба да се поклони.
Новопечената војвотка од Сасекс, Меган Маркл, допрва ги учи кралските протоколи, па засега не изненадуваат грешките што ги прави.