За време на посетата во Нов Зеланд, принцот Хари и Меган Маркл прошетаа меѓу фановите, меѓу кои војвотката пронајде своја поранешан познаничка.
Воодушевена Меган се доближи до девојката и срдечно ја прегрна. Станува збор за Хана Сергел, 20-годишна студентка со која Меган остварила контакт преку социјалните мрежи.
Хана и Меган се допишувале преку Инстаграм, додека Меган не го отстранила својот профил од социјалните мрежи по свршувачката со принцот Хари. За време на својата борба со менталната состојба, Хана ѝ се доверила на Меган.
Војвотката ѝ била голема поддршка додека Хана се борела со психичката состојба. За време на еден нејзин престој во болница, Меган ѝ испратила охрабрувачко видео во кое ја советува што да јаде и како да продолжи со нормалниот живот. И во никој случај да не се откаже од факултетот.
Ден претходено, Меган и Хари заедно со добар дел од младината во Нов Зеланд биле на чај во еден кафе-бар. Таму разговарале на тема менталното здравје. Принцот Хари на домаќинката на настанот, Луси Кенеди, која студира два насоки, трговија и психологија, ѝ понудил работа по дипломирањето. Луси рекла дека завршила факултет за две години и дека ѝ било чест да работи за кралското семејство, а Хари се понудил да ѝ помогне околу тоа.
За време на турнејата, Меган и Хари срдечно ги поздравија фановите и се дружеле со младите.