Меган Маркл повторно се најде во средина на скандалите. Овој пат не станува збор за кршење на правилата на кралското семејство, туку стара видео-снимка, која поранешната актерка ја снимила за познатиот машки магазин „Men’s Health“.
Поранешната ѕвезда од серијата „Suits“, Меган Маркл пет години снимала секси видео-снимки за „Men’s Health“, популарниот магазин наменет за мажи. По замислата на креативниот тим, Меган имала задача во сексипилна гардероба да пржи плескавици и заводливо да позира пред камерата.
„Печењето скара никогаш не изгледало вака жешко“, е пораката која на крајот се појавува на крајот на клипот.
Од „Men’s health“, напоменале дека Меган на драго срце се согласила на ова снимање, како и дека апсолутно не и била намерата да копа по нејзиното минато.
„Меган глумела во серијата „Suits“ веќе две години, кога било снимено ова видео. Вознемирувачко било тоа што актерката која имала работа, чувствувала потреба да мора да пржи плескавици во мини фустан за да унапреди во кариерата“, напишале од магазинот.
Со оглед дека станува збор за многу провокативни сцени, видеото многу брзо станало хит на интернет, а мислењата се поделени.
Додека едни сметаат дека ова е сосема во ред, затоа што Меган имала своја актерска кариера, други сметаат дека видеото е премногу невкусно и не и прилега на една војвотка.