Доналд Трам со доаѓањето на местото како на еден од највилијателните личности на светот, претседателот на САД, ги сврте очите на целиот свет кон себе, додека покрај него вниманието го привлече и неговата сопруга Меланија Трамп.
Нивниот однос од самиот почеток, беше анализиран, проценуван, често се говореше за нивната емотивна (не)наклоност, но тие и понатаму непрекинато ги извршуваат своите должности на претседателска двојка.
Инаку имаат по малку чуден, и за разлика од односот на Барак и Мишел Обама, прилично студен однос, Меланија и Доналд Трамп, не обрнуваат внимание на наводите за нивниот развод, за кој на големо се пишуваше во неделите наназад.
Тие овие денови престојуваат во Германија, каде Доналд води важни дипломатски преговори, но вниманието на новинарите со овие преговори го сврте еден гест кој не е често гледам кај семејството Трамп, а тоа е бакнеж во јавност.
Да добро прочитавте! За време на престојот во Германија, Меланија Трамп во моментите на еден јавен настап, одржа говор, со кој го воодушеви светот, но и самиот Трамп, па американскиот претседател не можеше да ја сокрие среќата, бакнувајќи ја притоа, пред сите и изјавувајќи: „САД има бројни сјајни дипломати, но нема подобар амбасадор на нашата земја, од нашата прекрасна прва дама. Фала ти Меланија, ова беше прекрасно!“.
Се поставува прашање дали овој гест на Доналд, беше спонтан или пак ги послушал своите советници и се потруди да овој брак малку го разубави во очите на луѓето ширум светот?