Првата дама на САД, Меланија Трамп, во своето најново интервју за телевизиската мрежа „Фокс њуз“ се појави со нов имиџ. Сопругата на Доналд Трамп ја променила бојата на косата давајќи ѝ посветол тон.
Многумина во коментарите на социјалните мрежи посочија дека Меланија полека станува русокоса.
Меланија во интервјуто за телевизиската мрежа откри дека не ѝ годи тоа што во јавноста низ целиот свет постојано е во центарот на внимание. Таа во разговорот со водителот обвини дека некои лица изградиле цели кариери благодарение на нејзиното име.
„Најтешко ми е со опортунистите кои градат кариери на сметка на моето име и имињата на моето семејство. Тоа се разни комичари, новинари, забавувачи. Проблемот е во тоа што и тие пишуваат историја, а во овој случај, тоа не е вистината. Сакаат да се фокусираат на трачеви и тоа многу ми пречи“, изјавила Меланија.