(Видео) Меси не го бива за бакнување

Речиси не постои невозможна работа за Лионел Меси на фудбалските терени, но дел од неговите фанови на Интернет беа разочарани од видеото на кое тој страствено се бакнува со неговата сопруга Антонело Рокуцо. Пак , рекоа фановите, дека  ова е најлошиот бакнеж, како оној од свадбата во 2017 година.

Видеото кое го сними порториканскиот рапер Резиденте стана вирално на Интернет, бидејќи на него има повеќе славни двојки кои се бакнуваат, како Бен Афлек со Ана де Армас, и мексиканскиот боксер Канело Алварез и Фернанда Гомез.

Но, најмногу внимание предизвика бакнежот на освојувачот на шест „златни топки“ со неговата сопруга и дел од фановите посочија дека видеото ги прави да се чувствуваат „непријатно“, како да ги гледаат сопствените родители како се бакнуваат, и се прашуваат дали еден од синовите на Меси го снимаше бакнежот.

Еден фан на Интернет пак, посочи дека поради огромното ривалство со Кристијано Роналдо, сега тој заинат ќе пушти на Интернет секс-лента со неговата девојка Георгина Родригез. Не е првпат за Меси да се збори дека не го бива за бакнување-посебно бакнежот кој го сподели со сопругата Рокуцо на нивната свадба во 2017 година, дел од фановите го нарекоа, најлош на светот.

https://twitter.com/Goated10EN/status/1261073979609165825?

https://twitter.com/SadVanandre/status/1261070105636560896?

 

Scroll to Top