(Видео) Ми го украдоа детството, Парис Хилтон искрено зборуваше за времето кога била сексуално злоупотребувана во интернат за деца

Парис Хилтон тврди дека пред повеќе од три децении била сексуално злоупотребувана. Познатата милионерка прозборе за тешките денови додека била сместена во интернат за проблематични деца во Јута. Била принудена да оди на преглед на грлото на матката, рано наутро, а прегледот го правел тамошниот персонал.

„Детството ми беше украдено“, рече Хилтон која откри дека ја злоупотребувале во училиштето„Прово кањон“, каде минала 11 месеци кога имала 17 години. Говорејќи за „Њујорк тајмс“ ја водела и кампањата за регулација на проблематичните центри за тинејџери.

Хилтон уште во 2020 година откри за физичкото и менталното злоупотребување во училиштето, кога рече дека се обидела да ги сокрие пријавените инциденти.

„Во доцните часови, тоа беше околу три или четири часот утрото, мене и уште неколку девојки ќе нè однесеа во една просторија и ќе ни направеа лекарски прегледи“, рече Парис и додаде: „Тоа не беа вистински доктори. Ќе ни ги ставеа прстите во нас и не знам што правеа, но дефинитивно не беа доктори. Беше страшно. Беше застрашувачко и тоа е нешто што ме блокираше во наредните години. Сега постојано размислувам за тоа. Сега гледајќи наназад, како возрасна личност, можам да кажам дека тоа беше сексуално злоупотребување“.

Ги опиша инцидентите и на „Твитер“.

„Бев ненаспана и под силни лекови и не разбирав што се случува. Бев принудена да легнам на тапацирана маса, да ги раширам нозете и да одам на прегледи на грлото на матката. Плачев додека ме држеа и ми велеа да молчам. Важно ми е да се отворам за овие болни моменти за да можам да заздравам ѝ да помогнам да се стави крај на оваа злоупотреба. Ова беше болно искуство не само за мене, туку и за другите. Бев малтретирана и плачам додека го пишувам ова затоа што никој, особено дете, не треба да биде сексуално злоупотребувано. Ми го украдоа детството и тоа ме убива. Ова сè уште им се случува на другите невини деца“, рече Хилтон.

Scroll to Top