Италијанската актерка и секс-симбол, Моника Белучи, денеска го слави својот 56-ти роденден.
Речиси триесет години се зборува за неа како најубава жена на светот, а секоја нова фотографија докажува дека годините не оставаат трага на нејзиниот изглед. Таа ја почна својата кариера во 80-тите како модел и манекенка, а набргу продолжи со филмски улоги во италијански, француски и во американски филмови.
Улогата во филмот „Малена“, приказна за една италијанска провинција во Втората светска војна за омразената 27-годишна вдовица поради изгледот и реакциите што ги предизвикува кај мажите, ја одбележа нејзината кариера. Сцените од филмот се незаборавни, а дваесет години подоцна многу помлади актерки, инфлуенсери и модели се обидуваат да ја копираат Моника на фотографиите на кои шета низ градот и група момчиња што ја гледаат зачудено.
Во нејзината кариера таа не се срамеше да го покаже голото тело на филм, а некои од нејзините сцени се навистина незаборавни.
Пред нејзината врска со Лефевр, Моника имала два брака. Од долгогодишниот брак со Винс Касел таа има две ќерки, а нејзината постара ќерка Дева веќе станува популарна по својата исклучителна убавина.