(Видео) На фановите не им се допадна првиот поткаст на Меган

Фановите ја критикуваа Меган Маркл откако го сними првиот поткаст. Многу критичари го нарекоа парада на баналноста и апсурд. Тие коментираат дека Меган не се снашла во новата улога и дека премногу зборува за себе.

Меган потпиша договор за поткаст со Spotify пред две години, а нејзин прв гостин беше тенисерката и долгогодишна пријателка Серена Вилијамс.

„Првата гостинка е Серена Вилијамс, но тениските ентузијасти кои ќе присуствуваат можеби ќе бидат малку разочарани.

Целиот поткаст е всушност за Меган, бидејќи на Серена ѝ се потребни 11 минути за да ја каже својата поента. Тешко е да се поверува дека за снимањето на епизодата ѝ биле потребни 28 луѓе, вклучувајќи осум извршни продуценти и самата Меган“, напиша The Spectator.

„Поткастот е парада на баналноста, апсурд и самопофални калифорниски флоскули. Ефектот на сета таа тивка музика и безделнички муабет е да се чувствувате како да сте биле затворени во просторија за релаксација со самобендисана инструкторка по јога“, рече Џејмс Мериот од „Тајмс“.

„Поткастот изгледа како интервју со инспиративен спортист кој е познат само поради името. Ако остатокот од сезоната  биде како и премиерата, тогаш она што ќе го слушаме во наредниот период од Меган во поткастот е интервју само со себеси“, рече Селија Волден од „Дејли телеграф“.

„Меган ќе останеше актерка од Д-листата доколку не се омажеше за принцот Хари. Таа се споредува со Серена Вилијамс и Мараја Кери, кои успеале да се прослават и да ги надминат тешките детства. Но, Меган откако се омажи за принц, само троши пари“, ја критикуваше Анџела Левин од „Мејл Онлајн“.

Меган ја отвори првата епизода од поткастот со анегдота од детството, која досега ја раскажала многупати. Таа рече дека чувствувала гнев како 11-годишно девојче кога ја видела рекламата за детергент за миење садови наменета исклучиво за жени.

Тоа многу ја погодило и постојано размислувала за тоа во животот. На крајот пишувала писма и ги испраќала до моќни луѓе за да укаже на проблемот. Ѝ испратила писмо и на тогашната прва дама Хилари Клинтон. Разговорот на Меган и Серена се вртеше околу амбициите, а во разговорот се вклучи и принцот Хари.

За потсетување, поткастот има намера да ги истражи етикетите кои се обидуваат да ја дефинираат и ограничат улогата на жената во општеството.

Scroll to Top