На американската пејачка Кејти Пери за време на настапот во „Американски идол“ ѝ се скинаа кожните панталони. Незгодата се случи додека го пееше нејзиниот хит Teenage Dream.
„Може ли да добијам лента?“, ги праша Пери асистентите, а потоа нејзините колеги во жирито Лук Брајан и Лионел Ричи ѝ помогнаа да ги залепи.
Инаку ова не е првпат Кејти да се најде во ваква незгодна ситуација. За потсетување, пред четири години ѝ се скинаа уште едни панталони додека снимаше дует во истото шоу.
„Имам добри и лоши вести денес. Нема да можам да настапам во живо“, рече тогаш Пери.
I have good news and bad news today – ☹️: I won’t be able to live stream #AmericanIdol today but 🙂: I CAN promise you some pants splitting fun👖😳 Tune in at 8/7c for round✌🏼 of 🌟All Star🌟 duets! pic.twitter.com/AaqCakSLdT
— KATY PERRY (@katyperry) April 16, 2018