Актерката Киристен Данст (37) која глумела заедно со Бред Пит во филмот „Интервју со вампирот“, вели дека бакнежот кој се случил во една од сцените, бил одвратен и е нешто на кое не сака да се сеќава во иднина.
Данст проговори за моментите од една од сцените во сетот во тој филм, кој оваа година ќе одбележи 25 годишина. Уште кога била мала Данст вели дека говорела дека тој бакнеж со Бред Пит не и се допаднал.
Тогаш Данст имала само 11 години, а Бред Пит 30 години. Тоа бил нејзиниот прв бакнеж во животот. Иако од тогаш има минато речиси четврт век, Кирстен вели дека на тоа искуство нема да се сеќава по убаво.
„Беше одвратно. Стојам зад оваа изјава. Би било болно да се види дека такво нешто би можело да му се допадне на едно 11 годишно девојче. Сигурно би рекле дека нешто не е во ред со детето“, изјавила Данст за Entertainment Today.
Сепак актерката имала само пофални зборови за своите колеги од филмот Бред Пит и Том Круз.
„Беа многу драги. Тоа снимање беше нешто што никогаш го немав доживеано претходно. Се пронајдоа во мене, како да им бев помлада сестра. Знаев дека двајцата се големи ѕвезди. Бев нивен фан“, изјавила Данст за време на гостувањето во емисијата The Late Show with Stephen Colbert.