(Видео) На првата венчавка Меган им делела дрога на гостите

Меган Маркл, според пишувањата на британските медиуми, на својата прва венчавка на своите пријатели и гости им делела марихуана. Ова го открива британски „Сан“, кој пишува дека открил пораки на е-пошта во кои војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари им се пофалила на своите пријатели за моментите од својата венчавка.

Британски „Сан“, кој дошол во посед на пораките, вели дека нашол информации за тоа како Меган ја подготвувала марихуаната за венчавката со Тревор Енгелсон на Јамајка. Кога пријателите ја советувале да купи посебни вреќички за тревата, таа им одговорила дека веќе ги имала нарачано и дека биле премали за трева.

37-годишната поранешна американска актерка ги опишала малите вреќички од муслин. Извори за „Дејли мејл“, пак, тврдат дека Меган дури им помогнала на гостите околу проблемот со мотањето.

Меган во вреќичките додала и филтери. Таа и поранешниот сопруг марихуаната наводно ја купиле од работник во хотел.

Нивниот брак траел само две години. Претходно и нејзиниот татко Томас Маркл открил дека на венчавката добиле пакетчиња марихуана. Томас изјавил дека не пуши трева и дека своето пакетче го имал подарено, а колку што му било познато, вели дека и Меган не пушела.

Scroll to Top