(Видео) Најголемите банкроти во историјата на спортот

Лошите инвестиции, раскошните животи, семејството, алиментациите. Ова се само некои од причините поради кои многу спортски асови останале без своите милиони.

Ова е мала листа од спортистите кои биле на врвот, имале сè што ќе посакаат, а потоа во наредниот момент останале без ништо.

Мајк Тајсон (бокс) – 350 милиони евра

Евандер Холифилд (бокс) 200 милиони евра

Ален Ајверсон (кошарка) – 180 милиони евра

Мајкл Вик (НФЛ)  – 100 милиони евра

Ентони Вокер (кошарка) 95 милиони евра

Скоти Пипен (кошарка) – 90 милиони евра

Вин Бејкер (кошарка) – 85 милиони евра

Дерик Колман (кошарка) – 80 милиони евра

Борис Бекер (тенис) – 70 милиони евра

На оваа листа им се приклучија и Денис Родман, Мерион Џонс, Џорџ Бест, Кени Андерсон, но и фудбалерот Саша “Џани” Чурчиќ.

Денис Родман

Една жена и алиментација, втора жена и алиментација, трета жена и алиментација, плус парите за издржување на децата, луди журки и раскошен живот и на крајот, се разбира банкрот.

Некогашната НБА ѕвезда и освојувач на шампионски прстен со Чикаго Булс и Детроит Пистонс, Денис Родман е еден од спортистите кои останале без ништо, од тоа што претходно го стекнале. Неговите тетоважи, пирсови и обетки, како и разните фризури го правеа во деведесетите опасен и доминантен на теренот, но надвор од него, тој брзо пропадна. Неговиот проблем со алкохолот и дрогата го доведе до просјачки живот.

Мајк Тајсон

Прочуениот боксер и поранешен шампион ги има искусено сите пороци, водел раскошен живот и на крај успеал да потроши 350 милиони долари. Парите ги трошел на автомобили, куќи, лесни жени, но и тигри.

Силувањето, поседувањето на дрога, претепувањето на сопругата, насилството. Сето тоа е Мајк Тајсон, најмладиот светски шампион во тешка категорија, но според многумина и најлош човек во историјата. Денес е најпознат и како најглуп на планетата.

„Многу го сакам, но морам да признаам дека не располагаше паметно со парите. Како успеа да ги потроши сите тие пари навистина не ми е јасно“, изјавил Дон Кинг, познат боксерски промотор, кој го обвини дека и него му останал должен повеќе од стотина милиони долари.

Латрел Спривел

Латрел е поранешен кошаркар во НБА лигата, кој оствари забележителен успех додека играше за „Њујорк Никс“. Тој остана запаметен по тоа што на еден од тренинзите се сплеткал со тренерот Карлсеим, кој на крајот пробал да го задави со голи раце.

Тоа беше еден од оние спортисти кои поседува јахта, но до крајот на 2007 година, останал и без неа. Му ја заплениле вилата поради долговите, а недолго потоа го изгубил и домот. Две години подоцна прогласил банкрот.

Мерион Џонс

Мерион е атлетичарка која трипати освоила златен медал на Олимписките игри. Некогаш најбрзата жена на светот, заработувала околу седум милиони долари годишно. Мерион ги потрошила и парите и сите медали и трофеи кои ги освоила за време на кариерата.

Парите ги потрошила по скандалот каде е откриено дека користела стероиди. Потоа и биле одземени медалите и наградите. Издавала лажни чекови, се обидела да ја измами даночната служба да испере пари…

Ивандер Холифилд

Ивандер е боксер кој бил петкратен светски шампион. Историјата го памети и по тоа што Мајкл Тајсон му го одгриза увото. Искусил голем успех и надвор од рингот и тоа со бројни деловни потфати.

Човекот кој во кариерата заработил повеќе од 200 милиони евра едвај издржува 11 деца, кои ги има со осум жени. Толку алиментација има платено, па дури останал и без куќата во Атланта, која на аукција е продадена за 10 милиони долари.

Алвен Ајверсон

Ален Ајверсон е поранешна прославена НБА ѕвезда, кој правел проблеми и на теренот, но и во приватниот живот. Поранешниот ас целосно банкротираше поради раскошниот начин на живот, а во текот на својата НБА кариера, само од дговори, инкасираше преку 155 милиони долари.

Ајверсон ги надмина сите лимити за да ги почасти девојките со накити, а често знаеше да пазари и скапи автомобили. За време на разводот со поранешната сопруга, Ајверсон на судијата му рекол дека нема пари да си купи ниту чизбугер.

Џорџ Бест

Легендарниот фудаблер Џорџ Бест за време на 21 годишната кариера заработил околу 100 милиони долари. За тоа како ги изгубил, најдобро зборува неговиот најпознат цитат: „Парите ги трошев на пијачки, брза кола и женски, останатото го потрошив за глупости“.

Саша “Џани” Чурчиќ

Поранешниот играч на Партизан е познат по тоа што за кратко време го потрошил целото свое богатство на забави. Тој заработил милиони играјќи за Болтон, Атон Вила и Кристал Палас. Но, раскошниот живот го чинело цело богатство. Ги трошел парите на светски џет сет и контроверзни журки.

„Трошев по 150.000 евра за шампањ, кој другите го пиеја. Во плакарот имав сигурно преку милион евра. Некои парчиња ги нема ниту најголемите трендсетери во Белград. Имав најдобра сајбердоф маица од 2000 евра, јакна „војаж“, од 10.000 евра. Купував уникати и плаќав „версаче“ одела од по 4000 евра“, вели Чурчиќ.

Борис Бекер

Легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер прогласи банкрот поради значајните долгорочни долгови. Адвокатите на трикратниот шампион на „Вимбелдон“ се обиделе да се спогодат со судот за регистар на случаи за банкрот во Лондон, што била нивна последна шанса за да го спаси заостанатиот долг.

Сепак судијата Кристен Дерет на средината на 2017 година соопшти дека не постојат кредибилни докази дека долгот во скоро време ќе биде вратен, па одбила да го прекине прекине процесот на 28 дена, колку што е барано.

„Стекнав впечаток дека Бекер е човек на кого главата му е во песок“, изјавила со жалење судијата Дерет.

Scroll to Top