На интернет кружи видео со холивудската ѕвезда Том Круз, додека тој им вика на вработените во продукцијата на последниот филм од серијата „Невозможна мисија“.
Овој филм започна да се снима во Италија на почетокот на годината, кога пандемијата на коронавирусот однесе илјадници животи, по што снимањето беше запрено.
Ѕвездата од акционите илмови им замерил на колегите дека не ги почитуваат мерките на социјална дистанца.
“Направете го тоа повторно и ќе летате надвор. Ако некој од екипата го направи тоа – крај. Да не сте го направиле тоа никогаш повеќе“, врескал Том Круз на тимот кој што ги прекршил правилата и за носење маски.
„Ја разбирате ли одговорноста која ја имате? Затоа што јас ќе се позанимавам со вашите причини. А, ако не можете да бидете разумни и јас нема да можам да се носам со вашата логика, ќе бидете отпуштени“, им кажал Том на вработените.
„Создадовме работни места за илјада луѓе, по ѓаволите, не сакам повеќе да ве гледам такви, дали е јасно. Луѓето од индустријата гледаат во нас за да видат дали е безбедно да се работи. Тие ги губат своите работни места, куќи, пари за децата и нивните колеџи, а вие се зафркавате“, викал актарот.
Целата филмска екипа стигнала во Лондон на почетокот на декември оваа година. Токму во февруари беше прекинато снимањето на овој филм во Венеција, кога Том, две недели заврши во карантин.
Снимањето потоа продолжи во септември во Венеција, па екипата се пресели во Норвешка, а Лондон им е крајна дестинација.
За време на престојот во Норвешка, Том лично му апелирал на тамошниот премиер, дека деловите од филмот снимени во таа држава, ќе се одвиваат по посебни правила, кои вклучуваат и карантин.
Филмот треба да биде објавен во ноември 2021 година, а Том за време на викањето на вработените, изјавил дека Холивуд се ослонува на филмовите како „Невозможна мисија“, за да може индустријата да се одржи колку толку.
Последниот филм од оваа франшиза заработи повеќе од 791 милиони долари, па не е чудно што на сите им одговара, работите да поминат совршено.