Актерот Леонардо Дикаприо (51) пристигна на Оскарите во Лос Анџелес со својата девојка, Виторија Черети (27). Бидејќи двајцата ја чуваат приватноста за себе, дури и не позираа заедно на црвениот тепих, туку седеа еден до друг за време на церемонијата.

И тоа беше доволен материјал за подоцнежни коментари за овој донекаде контроверзен пар.
Лео избра класично црно одело за пригодата и блескаше во текот на целиот настан, а ја искористи и можноста да се пошегува, со оглед на тоа што е познат како „крал на мемињата“.
Тој ја исполни желбата на водителот Конан О’Брајан и на лице место направи интересна реакција што ја насмеа и убавата Виторија.
Младата манекенка за оваа пригода избра тесен бордо фустан со интересен детаљ на градите, додека косата ја собра во залижана пунџа и – со строг израз, како и обично, уште од самиот почеток јасно стави до знаење дека нема да одговара на никакви прашања.
Иако ова не е прв пат Леонардо Дикаприо да дојде на Оскарите со девојка, тој го сторил тоа и со Жизел Бундшен и Камила Мороне, овој пат е специфичен бидејќи од првиот ден од врската со Виторија, актерот не сакал да открива никакви детали.






