Американскиот комичар Ник Канон во разговор за People зборуваше за смртта на неговиот петмесечен син и рече дека дошло момент да се соочи со најтешката одлука која морал да ја донесе во неговиот живот.
Тој рече дека не сакал да го даде да му биде направена хемотерапија, затоа што знаел дека на тој начин само ќе му ги продолжел маките и дека бебето ќе стрдало. Тој вели дека и самиот тој бил подложен на хемотерапија и знае колку болно тоа може да биде.
„Бидејќи и јас минав низ хемотерапија, ја познавам таа болка и страдање и не сакав низ тоа да мине 2-месечно бебе. Не сакав да страда“, рече Канон.
Синот на Ник имаше само 5 месеци кога умре од тумор на мозокот, но наместо да му бидат направени интензивни третмани за да го спасат, Ник рече дека се одлучил да му овозможи најудобен живот колку што е можно подолго.
„Почнавме да прашуваме дали постои начин тоа да се спречи. Ако нема, уште колку време му останува? Ни рекоа дека може да има недели, месеци, години живот“, рече Ник за People.
Ник рече дека многу му недостига и дека сè што сакал е да помине барем малце подолго со него. Вели дека срцето му е скршено што си заминал толку рано.
„Сакав да бидам само малку подолго со него“, рече Канон.
Од тумор на мозокот почина петмесечниот син на комичарот Ник Канон